Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити е заинтересиран за италијанскиот репрезентативец Мануел Локатели. Поранешниот играч за врска на Милан блеска во редовите на Сасуоло, а тоа го следи менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола. Би сакал да го доведе на „Етихад“ по завршувањето на сезоната и подготвен е да ја плати отштетата од 35 милиони евра.
Ова им ги пореметува плановите на Јувентус и на Милан кои исто така се надеваат дека ќе успеат да го доведат Локатели. Пирло смета дека тој е еден од најдобрите млади играчи од средниот ред во Серија А, додека Милан сака да ја исправи грешката и да го врати на голема врата на „Сан Сиро“ како дел од шампионскиот проект на „росонерите“.
Сепак, предизвикот да заигра во Премиер – лигата засега најмногу му се допаѓа на Мануел Локатели.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













