Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги обвини навивачите на Манчестер Јунајтед за недостиг на класа, откако дел од публиката на „Олд Трафорд“ скандираше навредливи пораки за мајката на напаѓачот на Сити, Фил Фоден, за време на дербито кое заврши без голови, 0-0.
„Тоа беше недостиг на класа, но не се работи за Манчестер Јунајтед како клуб, туку за одредени луѓе. Тоа е недостаток на почит и класа, и тие треба да се срамат. Но вакви работи се случуваат секаде, би рекол, не само во Обединетото Кралство“, изјави Гвардиола.
Шпанскиот стратег смета дека навивачите на Јунајтед ја преминале границата со тоа што ги насочиле навредите кон мајката на англискиот репрезентативец Фил Фоден.
„Ние сме постојано изложени пред јавноста во фудбалскиот свет – особено тренерите, сопствениците и фудбалерите. Искрено, не знам што мислат тие луѓе… кои ја навредуваат мајката на Фил“, додаде Гвардиола.
24-годишниот Фоден се наоѓа во серија од 13 натпревари без постигнат гол и има само 10 гола во 40 настапи сезонава, додека одбраната на титулата на Сити во Премиер – лигата веќе пропадна. Но, Гвардиола застана во одбрана на својот играч.
„Кога тимот не игра на нивото кое го имавме претходно, изгледа како сите да се под очекувањата. Но, секој ден на тренинг ја гледам неговата страст и насмевка – и тоа е она што ми е важно. Неговиот придонес беше неверојатен и тој ќе се врати“, рече Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













