Connect with us

Гвардиола: Де Бруин беше незапирлив, брилијантен, одличен, извонреден, совршен…

Кевин де Бруин имаше перфектна вечер против Вулверхемптон, постигна дури четири гола, а Манчестер Сити со убедливи 5-1 дојде на чекор до одбрана на титулата во Англија.
Менаџерот Пеп Гвардиола беше воодушевен од играта на Белгицеот.


„Тој беше незапирлив, брилијантен, одличен, извонреден, совршен. Тој има способност да создава посебни работи. Секогаш го тераме да покаже дека е неверојатен играч. Тој сака да им асистира на соиграчите, но мора да дава голови и оваа сезона е најплодна за него откако работиме заедно“, го пофали Пеп Гвардиола, белгискиот фудбалер.

На Манчестер Сити му е потребна уште една победа во двете последни кола за да ја одбрани титулата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови