Фудбалерите на Арсенал го победија Манчестер Сити со 1-0 и го прескокнаа на врвот на табелата.
Пеп Гвардиола не беше задоволен бидејќи неговиот тим го забележа вториот пораз по ред во Премиер – лигата.
„Пред две години, а исто така и минатата сезона, Арсенал повеќе го контролираше натпреварот, а ние победувавме. Добро го отворивме натпреварот, имавме две или три шанси, но тие подобро го отворија второто полувреме и го подигнаа темпото. Беше многу тесно. На крајот, по една акција примивме гол и загубивме. Имавме добри моменти, но генерално не беше лесно да се игра. На крајот им честитаме на победата“, изјави Гвардиола.
Арсенал и Тотенхем го делат првото место на табелата со по 20 бодови, Манчестер Сити има 18, а Ливерпул 17.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













