Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е среќен по победата над Црвена Звезда со 3-1 во првиот натпревар од групата Г во Лигата на шампионите. Неговиот тим имаше негатива на полувремето, но успеа да се врати и ги освои трите бода на стартот на одбраната на титулата во елитното натпреварување.
„Не беше убаво да заминеме со 0-1 на полувремето, по сѐ што направивме. Ми се допаѓа што експресно се вративме од почетокот на вториот дел. Има простор за напредок, но во целина игравме многу, многу добро“, изјави Гвардиола.
„Во последните два натпревари, не знам колку шанси пропуштивме. Играме добро, но не можеме да постигнеме гол. Добрата работа е што покажуваме константност и успеваме да дојдеме до победата. Да упатите 37 шута, тоа значи дека сте играле многу добро. Одговорноста на луѓето во нападот е да постигнуваат голови“, додаде Шпанецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













