Првото издание на реформираната групна фаза на Лигата на шампионите е комплетирано. Првпат нема клубови кои ќе ја заменат Лигата на шампионите со Лига Европа, бидејќи екипите од 25. до 36. место ја завршуваат својата европска сезона. Меѓу нив е и Динамо Загреб на Адеми и на Ристовски, кој и покрај победата против Милан и освоените 11 бодови, натпреварувањето го заврши на 25. место.
Првите осум клуба, кои директно се пласираат во осминафиналето без да играат дополнителна рунда, се: Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила.
На позициите од 9. до 24. место се: Аталанта, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Милан, ПСВ, ПСЖ, Бенфика, Монако, Брест, Феенорд, Јувентус, Селтик, Манчестер Сити, Спортинг и Клуб Бриж.
Ждребот за плејофот на Лигата на шампионите ќе се одржи во Нион во петок, 31 јануари, со почеток во 12 часот. Носители ќе бидат екипите пласирани од деветто до 16. место, а нивни противници ќе бидат клубовите рангирани од 17. до 24. место. Носителите ќе го играат реваншот на домашен терен.
Секој клуб има два можни противници. На пример, деветтопласираната Аталанта може да игра против 23-тиот Спортинг или 24-тиот Клуб Бриж, а истите потенцијални противници ги има и десеттата Борусија Дортмунд.
Реал Мадрид, кој заврши на 11. место, и Баерн Минхен, кој беше 12., можат да играат против Селтик, кој заврши на 21. место, или против Манчестер Сити, кој групната фаза ја заврши на 22. место. Така, рундата на плејофот сигурно ќе донесе барем еден „блокбастер“ дуел.
🚨 Champions League – Knockouts Bracket!
— Football Rankings (@FootRankings) January 29, 2025
🧵 Detailed bracket/draw explanation with all the answers already posted at our P-Page: https://t.co/De0BmBceW2 pic.twitter.com/LgqfoLr67d
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal