Група свештеници од Неапол од регионот упатиле официјално писмо до архископот Крешенцио Сепе со барање стадионот во Неапол да не го носи името на легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона. Нивниот став е дека Марадона сепак не бил пример за човек со примерен живот. Сепак, ова барање нема да биде прифатено од градоначалникот на Неапол, Луиџи де Магистрис.
Тој најави дека името на стадионот „Сан Паоло“ во „Диего Армандо Марадона“ ќе биде променет по итна процедура, а денеска треба да биде одржан и совет на градот Неапол.
„Ги прочитав сите барања, мислења и процедури, но на крајот стадионот ќе се вика Диего Армандо Марадона. Тоа го бараат најголем дел од граѓаните на Неапол“, изјави градоначалникот Де Магистрис.
Наполи сега го очекуваат две гостувања, а следниот домашен меч е против Реал Сосиедад на 10 декември како дел од Лигата на Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













