
Фудбалската репрезентација на Грција направи големо изненадување откако ја победи Англија на гости со 1-2 во Лига Б од Лигата на нации. Вангелис Павлидис, напаѓачот на Бенфика, беше стрелец на двата гола за Грција, победничкиот го постигна во 91.минута. За Англичаните погоди Џуд Белингам во 87.минута од дуелот.
Франција во Лига А беше убедлива против Израел. „Триколорите“ победија со 1-4 на натпреварот кој се одигра во Будимпешта. Камавинга, Нкунку, Гендузи и Баркола стрелаа за Французите, а единствениот гол за Израел го постигна Ганделман.
Италија и Белгија во дербито одиграа 2-2. Камбијасо и Ретеги донесоа предност од 2-0 за Италија по само 25 минути, но потоа Лоренцо Пелегрини заработи црвен картон. Тоа Белгија знаеше да го искористи и израмни на 2-2 со головите на Де Кујпер и на Тросар.
Ерлинг Халанд вечерва влезе во историјата на норвешкиот фудбал како најдобар стрелец во националниот тим. Халанд со двата гола против Словенија во триумфот 3-0, дојде до бројка од 34 погодоци за Норвешка, со што го надмина Јорген Јуве кој имаше 33 и досега беше најдобар стрелец, иако играше фудбал пред речиси еден век.
Халанд до 34 гола дојде после само 36 меча, а третиот гол за Норвешка беше дело на Александер Сорлот.
Во Лигата Д, Гибралтар го совлада Сан Марино со 1-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана
