
Фудбалерите на ФК Кит Го максимално активно во својата база во Пехчево ги одработуваат подготовките за новата сезона во Втората лига – Исток.
Шефот на стручниот штаб Емил Грнев е задоволен од текот на подготовките истакнувајќи дека се уште претстои период на адаптација за сите нови фудбалери, но верува дека тимот максимално подготвен ќе го дочека стартот на новата сезона.
„Задоволен сум од тоа како течат подготовките. Имаме одлични услови за работа, па наскоро очекувам и преку пријателските натпревари екипата и комплетно да се воигра. Мислам дека и новите фудбалери одлично се вклопија во тимот. Низ тестовите кои ни престојат верувам дека подготвени ќе го дочекаме стартот на шампионатот“ – вели Грнев.
Првиот тест за потенцијалот на новиот состав на Кит Го ќе биде на пријателскиот натпревар против Плачковица закажан за 19. јули. Покрај дуелот со Плачковица, Кит Го договори уште три контролни средби во овој период, со Борец, Беласица и Кожуф.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Прва лига
Работнички се засили со Демир Имери

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027
