
Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид официјално го ангажираше Антоан Гризман од Барселона на перманентен договор до 2026 година.
Французинот претходно беше на позајмица која истекуваше следното лето и предизвика големи контроверзии поради клаузулата во договорот меѓу двата клуба, според која Атлетико мораше да и плати на Барселона голема сума пари за минутажата на Гризман.
Затоа Диего Симеоне го користеше исклучиво по 60. минута од секој натпревар, но Французинот возврати со три гола и две асистенции.
Претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, воопшто не го сакаше во тимот, особено затоа што не испорача, а во исто време имаше вкупна плата од 36.000.000 евра според преостанатиот договор од две години, која ја оптоваруваше касата на Каталонците. Лапорта таа потенцијална ситуација ја нарече „драма“.
Гризман сега е полноправен член на Атлетико Мадрид за 20 милиони евра, а доколку „јорганџиите“ го продадат за 40.000.000, тогаш Барса ќе заработи одредена разлика.
Губитник во целата приказна околу Гризман е само Барселона, која го донесе од Атлетико во 2019 година за огромни 120 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
