Connect with us

Гризман се врати на тренинзите на Атлетико Мадрид

Напаѓачот Антоан Гризман се врати на тренинзите на својот тим Атлетико Мадрид, пренесува „Марка“. 32-годишниот Французин поради повреда не учествуваше на натпреварите на француската репрезентација овој месец.


За првпат од 2017 година Гризман пропушти натпревари на репрезентацијата.

Оваа сезона Гризман одигра 38 натпревари на кои постигна 19 гола и седум асистенции.

Договорот на Французинот со Атлетико Мадрид е до крајот на јуни 2026 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови