
Потенцијалната размена на ѕвезди меѓу Барселона и Атлетико Мадрид е една од најжешките трансфер – гласини во последните денови. Клубовите веќе започнаа преговори за размена на Антоан Гризман и Саул Нигуез, но се чини дека тие ќе пропаднат поради детали кои каталонците не ги зедоа предвид.
Барселона започна преговори затоа што се обидува да ги намали платите, а францускиот напаѓач Антоан Гризман има најголеми примања во клубот по Лионел Меси. Неговата годишна плата е околу 16 милиони евра, но кога се вклучени даноците, Барселона троши 24 милиони на него.
Саул е точно двојно поевтин и оваа размена би била идеална за Барселона бидејќи би се ослободил од скапоплатениот напаѓач кој не ги исполни очекувањата и би добил помлад играч за врска кој совршено би се вклопил во тимот на Роналд Куман.
Сепак, Гризман е лут затоа што Барселона не го извести за преговорите, туку дозна за можниот трансфер од медиумите. Иако Шпанците напишаа дека Гризман е подготвен да се согласи на намалување на платата за да се врати во клубот каде што стана ѕвезда, сепак, најновите вести кои доаѓаат од Франција се дека Гризман не сака да се откаже од своите приходи. Тој очекува Барселона да ја покрие разликата што Атлетико Мадрид не може да ја плати.
Гризман пристигна во Барселона летото 2019 година за 120 милиони евра откако постигна 133 гола на 257 настапи во дресот на Атлетико. Но, во Барселона разочара и за две години постигна само 35 гола на 99 настапи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид се фокусира на Адемола Лукман

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа
