Connect with us

Гремио го замени Луис Суарез со Диего Коста

Бразилскиот клуб Гремио се пофали со потписот на ветеранот Диего Коста. 35-годишниот напаѓач последен пат играше за Ботафого. Тој треба да го замени Луис Суарез кој потпиша за Интер Мајами.


„Тој е Шпанец, но има бразилска крв и трофеи со тимовите за кои играл. Диего Коста доаѓа да го засили нападот. Освои титули во Европа и веќе носеше жолто-црвено, а сега ќе ја брани нашата тробојка“, напиша Гремио на социјалните мрежи.

Диего Коста е поранешен играч на Брага, Валјадолид, Атлетико Мадрид, Рајо Валјекано, Челси, Атлетико Минеиро и Вулверхемптон.

Договорот на напаѓачот со Ботафого истече на 1 јануари и тој одлучи да премине во Гремио како слободен играч.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови