Connect with us

Грем Потер е кандидат за клупата на Милан?

Поранешниот менаџер на Брајтон и на Челси, Грем Потер, е пред сензационално враќање во фудбалот. Според медиумите во Италија, интерес за услугите на стратегот, кој моментно е невработен, покажува Милан.


Потер последен пат работеше во Челси, но беше отпуштен пред речиси десет месеци.


Неговото име се поврзува и со менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед по доаѓањето на Сер Џим Ретклиф. Засега, сепак, нема конкретна понуда за него.


Блиските до Потер тврдат дека 48-годишниот тренер ја чека вистинската понуда пред да се врати на професијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови