Претседател на Охрид Лихнидос, Љупчо Грданоски, по неколку успешни сезони си замина од клубот, кој во иднина ќе го водат познатите фудбалски имиња Данчо Целески и Гоце Толески. Тој истакна дека е задоволен од постигнатото и посакува клубот да се издигне на уште повисоко ниво во иднина.
„Искуствата на луѓето кои успеале се драгоцени, формули за успех има многу, почетоците секогаш биле многу тешки, но мотивирачка е желбата да се успее…. предизвикот да се врати фудбалот каков што некогаш беше, упорноста да се надминат пречките, посветеноста кон сите чинители и трасирањето на патот до професионалниот напредок на фудбалската игра бараа многу труд и ангажман. Охрид да има успешен клуб, а охриѓани посветено да го надоградуваат и усовршуваат неговиот професионален напредок беше идеја на многу охриѓани“, истакна Грданоски.
Охрид Лихнидос по првиот дел од сезоната во Втората лига Запад се наоѓа на седмата позиција со 15 освоени бода.
.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski