
По вчерашниот натпревар меѓу екипите Тиквеш и Вардар на Градскиот стадион во Кавадарци, денеска по иницијатива на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, се одржа координативен состанок со стручниот штаб, управата и фудбалерите на ГФК Тиквеш.

На истиот претставниците од клубот рекоа дека се оштетени за чист гол и прекин на натпреварот и вината ја гледаат кај судијата Гоце Петрески, за што ќе бараат и негово санкционирање поради непрофесионалното судење и недолично однесување.
Од страна на градоначалникот и општината како основачи и поддржувачи на клубот, како и од целиот тим на ГФК Тиквеш беше речено дека за случајот очекуваат објективност, но и дека се подготвени да покажат и докажат дека и оваа сезона ќе бидат најдобри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Стефан Лазаревиќ замина од Работнички
