Фудбалскиот прволигаш Гостивар објави дека тројца фудбалери и еден член на стручниот штаб се приведени во полиција во Струга по денешниот меч.
По завршувањето на мечот меѓу Струга ТЛ и Гостивар (1-1) се счучи вистински хаос пред соблекувалните. Имаше мешаница во која учествуваа фудбалерите на двата тима, но се вклучи и полицијата да ја расчисти ситуацијата.
Гостивар информира дека се приведени нивни фудбалери кои уште се наоѓаат во полициската станица во Струга.
„Тројца наши фудбалери и еден член на стручниот штаб се приведени во полициската станица во Струга веќе пет часа. На нив не им е дозволено да се видат со нивните сопруги или соиграчи. Управата и нашиот спортски директор со часови чекаат на студеното време пред полициската станица за да добијат вести од полицијата“, се вели во соопштението на Гостивар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal













