Македонскиот второлигаш Гостивар со нов тренер ќе се обиде да ја оствари целта и да се пласира во елитата. Досегашниот стратег Октај Дерелиоглу замина од Гостивар, а палката му е доверена на Мурат Дабан, кој досега беше дел од стручниот штаб.
„Неговиот придонес во фудбалскиот клуб Гостивар нема да се заборави ниту во клубот ниту во градот и ќе се запамети со почит. Му посакуваме понатамошни успеси во неговата кариера“, објави Гостивар.
Гостиварци утре итра против Кожув и тоа ќе биде официјално деби за Мѕрат Дабан на клупата.
„На мечот од 25. коло кое ќе се одигра утре против Кожув, тимот ќе го предводи Мурат Дабан. Нашите амбиции и цели ќе ги продолжиме со г-дин Мурат Дабан. Им посакуваме успех и на нашиот тренер и нашиот тим“, истакнаа гостиварци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













