Гостивар и Силекс ќе имаат голема битка за врвот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, со оглед дека и двете екипи се наоѓаат во водечкото трио на табелата, заедно со Шкендија, која денеска гостува кај Воска Спорт во Охрид и има релативно полесна задача.
Гостивар и Силекс имаат по четири победи во последните пет кола, а кратовци се и тимот со најмногу триумфи (10) во досегашниот тек од шампионатот.
Шкендија очекува победа на гостувањето кај Воска. Валон Ахмеди најавува атака на трите бода.
„Играме против тимот на Воска Спорт и подготвени сме за предизвикот. Знаеме дека мораме да бидеме максимално сериозни ако сакаме да победиме без разлика кој е на другата страна. Воска Спорт секако е тим што залужува респект. еријата од три победи ја зголеми нашата самодоверба, полни сме со енергија и сакаме да продолжиме во ист ритам и на овој дуел, потоа и како што сакаме да го завршиме овој дуел од сезоната, со триумф на домашен терен над Гостивар, пред нашите верни навивачи“, изјави Ахмеди.
Работнички го очекува тешко гостување кај Брера, а Шкупи ќе биде домаќин на шампионот Струга Трим Лум.
„Шкупи е во криза, но сите знаеме дека има многу добар тим со квалитетни играчи. Нашите цели се јасни – на Чаир ќе играме за победа и нови три поени, кои би ни помогнале да ја продолжиме серијата на победи во првенството, каде што се надеваме повторно да бидеме на врвот на табелата“, изјави тренерот на Струга ТЛ, Ќатип Османи.
Пелистер во Битола ќе ја нагости Беса, а на Националната арена „Тодор Проески“ ќе гледаме дуел за бегство од дното меѓу Вардар и Тиквеш. Првиот нивен меч во Кавадарци донесе многу контроверзи, беше и прекинат поради напад на судијата Гоце Петрески, па и денеска се очекува жесток дуел за бодови.
ФФМ донесе одлука двете последни есенски кола да се играат без присуство на публика.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО (денеска, 13 часот)
ВАРДАР – ТИКВЕШ
БРЕРА – РАБОТНИЧКИ
ГОСТИВАР – СИЛЕКС
ВОСКА СПОРТ – ШКЕНДИЈА
ШКУПИ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ
ПЕЛИСТЕР – БЕСА
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski