Connect with us

Горецка ќе остане во Баерн Минхен до 2026 година

Германскиот репрезентативец Леон Горецка ја продолжи соработката со Баерн Минхен, открива „Кикер“. Тој потпишал продолжување на соработката до 2026 година. Многу брзо се очекува и германскиот клуб официјално да ја потврди веста.


Горецка е член на баварскиот клуб од 2018 година, кога пристигна од Шалке, а неговиот актуелен договор истекува следната година. Според новиот, тој треба да заработува околу 15 милиони евра годишно.

Одличниот играч за врска ова лето се поврзуваше со неколку европски клубови како Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но очигледно дека нема да ја напушти Германија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови