Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка, го оперираше левото колено, соопшти клубот. Тој нема да замине со германскиот шампион на турнејата во САД, а најверојатно ќе го пропушти и стартот на сезоната во Бундес – лигата.
27-годишниот германски репрезентативец ќе се опоравува и нема да учествува на претсезонските натпревари во САД против ДЦ Јунајтед на 20 јули и против Манчестер Сити на 23 јули.
„Медицинскиот тим на Баерн откри аномалија на левото колено на Леон Горецка и во понеделникот беше отстранета со артроскопија. Операцијата беше извршена според планираното и беше успешна“, објави Баерн во соопштението.
Горецка треба да биде надвор од теренот меѓу шест и осум недели.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













