Connect with us

Гонзало Гарсија е новиот херој на „кралевите“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид е претпоследниот тим што обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското клупско првенство кое се одржува во САД.

На полниот „Хард Рок“ стадион во Мајами, „кралевите“ ја оправдаа фаворитската улога против Јувентус славејќи со 1-0, а повторно во главна улога се најде младиот напаѓач Гонзало Гарсија. Во отсуство на Килијан Мбапе, кој ги пропушти последните три средби, 21-годишниот напаѓач блеска за мадридскиот гигант.

По погодоците против Ал-Хилал и Салцбург, Гарсија и вечерва блескаше, постигнувајќи го својот трет гол на турнирот во 54. минута. Голема заслуга за погодокот има и новото засилување Трент Александер-Арнолд, кој мајсторски асистираше од десната страна.

Јувентус не успеа да се врати во мечот и покрај обидите, па тука ги заврши настапите на шампионатот, додека Реал Мадрид во четвртфиналето ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Монтереј.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови