Францускиот шампион Пари Сен Жермен размислува што да прави со напаѓачот Гонсало Рамош кој е трансферна цел на Манчестер Јунајтед. Португалскиот репрезентативец пристигна на „Паркот на принцовите“ како позајмен од Бенфика, но трансферот стана постојан во ноември за сума од 69 милиони фунти.
Сепак, Рамош се мачеше во Париз, играјќи само пет минути во Лига 1 од ноември. Напаѓачот исто така страдаше од вирусот, поради што загуби 6 килограми.
Според „Л’Екип“, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике веќе се сомнева дали Рамош е добар за неговиот тим. Се тврди дека клубот би можел да се обиде да го продаде 22-годишниот Португалец, кој има само четири гола во 19 натпревари оваа сезона.
Јунајтед беше поврзуван со Гонсало Рамош летото пред да го ангажира Расмус Хојлунд за 72 милиони фунти од Аталанта. Данецот е најдобар стрелец на „црвените ѓаволи“ оваа сезона со седум гола на 25 натпревари.
Сепак, се очекува клубот од „Олд Трафорд“ да ангажира нов напаѓач на позајмица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













