Македонија Ѓорче Петров чекори храбро кон врвот на табелата, но промовира и млади и талентирани фудбалери. На денешниот меч против Беласица во Струмица (1-3) дебито за сениорскиот тим на „лавовите“ го имаше младиот и суперталентиран голман Стефан Тасев.
Со 16 години и пет месеци, Тасев доби шанса од шефот на стручниот штаб Жикица Тасевски да застане на голот и одлично ја заврши работата.
Стефан Тасев е еден од најталентираните голмани не само во Македонија, туку и во регионот на поранешна Југославија и пошироко.
Тој е младински репрезентативец, а за него се интересираат најголемите балкански клубови Динамо Загреб и Партизан, но и Клуб Бриж и англискиот премиерлигаш Манчестер Сити.
Тасев веќе беше на проба во Динамо Загреб и доби понуда да потпише договор, но поради пандемијата со коронавирусот неговиот трансфер сепак е одложен.
Македонија ЃП игра неверојатна полусезона, се наоѓа на третата позиција на табелата со 29 бода, четири помалку од лидерот Шкендија. Во следното коло „лавовите“ на домашен терен ќе го прекаат составот на Пелистер.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













