
Полска синоќа победи со 2-1 против Турција во својата последна контрола пред почетокот на ЕП 2024, но тимот претрпе значителни „жртви“ со повредите на Карол Швидерски и на Роберт Левандовски. Првиот го постигна првиот гол во 12. минута, но се повреди и го напушти теренот, а истото го стори и Лева по само половина час игра.
Ова може да биде огромен проблем за селекторот Михал Пробеж неколку дена пред почетокот на ЕВРО 2024.
Пред само неколку дена уште еден од главните напаѓачи на тимот Аркадиуш Милик, кој се повреди на претходниот пријателски меч, го напушти кампот на националниот тим.
Швидерски и Левандовски денеска треба да направат дополнителни лекарски прегледи, по што ќе биде многу појасно каква е нивната состојба и колку се сериозни повредите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
