Манчестер Јунајтед би можел да доживее огромни промени во играчкиот кадар во претстојниот летен преоден рок. Сер Џим Ретклиф, милијардерот кој неодамна стана косопственик на клубот со околу 25% од акциите во негова сопственост, доби дозвола да иницира и повлече клучни потези во спортската политика на клубот.
Медиумите на Островот пишуваат дека вториот најбогат човек во Велика Британија сака да го искористи својот финансиски капитал за да му овозможи на Јунајтед целосно да го смени играчкиот кадар во еден преоден рок. Се очекува дури 11 фудбалери да го напуштат клубот, доброволно или против нивната волја.
Хари Мегваер, Рафаел Варан, Кашемиро, Арон Ван-Бисака, Скот Мектоминеј, Виктор Линделоф и Кристијан Ериксен се играчи од кои Ретклиф верува дека Јунајтед може да заработи пари, а тој исто така сака да се ослободи и од позајмените Брендон Вилијамс, Дони Ван де Бек, Факундо Пелестри и Џејдон Санчо.
Ретклиф истакнува дека навивачите мора да бидат свесни дека резултатите нема да дојдат во првата сезона.
„Навивачите не смеат да го изгубат трпението, имаме десетгодишен план. Ќе ни требаат најмалку три години да го достигнеме нивото што го посакуваме. Не е реално да се мисли дека веднаш ќе можеме да играме фудбал каков што Сити играше против Реал Мадрид минатата сезона“, изјави тој.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal