Њукасл доби тежок удар откако клубот денеска официјално објави дека дефанзивецот Свен Ботман заработил тешка повреда при поразот од Манчестер Сити во ФА Купот со 2-0. Тогаш дефанзивецот беше принудно заменет во 83. минута.
24-годишниот Холанѓанец ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото и ќе мора да оди на операција. Ботман ќе биде надвор од терените меѓу 6 и 9 месеци.
Дефанзивецот исто така се справи со сериозна повреда на коленото на почетокот на сезоната, поминувајќи речиси три месеци во клупската амбуланта.
Ботман оваа сезона досега одигра 22 натпревари во сите конкуреции, постигнувајќи два гола и две асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













