Брегалница стави крај на натпреварите без триумф на стартот од пролетниот дел од сезоната. Тимот на Илчо Ѓорѓиоски триумфираше против Пелистер, за заокружување на вториот круг од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.
Милан Ѓокиќ повторно беше стрелец за „сините“ во натпревар за победа.
„Се радувам на погодокот против Пелистер, но секако позадоволен сум од забележаната победа, кој ете на некој начин значи крај на резултатската криза. Да бидам искрен заслуживме победа и на некој од претходните дуели оваа пролет, но ете немавме и среќа во одредени ситуации. Како и да е, сега сосема заслужено дојдовме до трите бода, кои треба да ни бидат сега мотив за уште поквалитетни изданија и победи и на следните натпревари“, вели Ѓокиќ.
Брегалница сега ја очекува в недела натпреварот против Борец во Штип на стартот од третиот круг на натпреварувањето.
„Очигледно е дека сите екипи во шампионатот имаат квалитет за надигрување со секого, па сигурно нема да биде лесен натпревар и со Борец, но јасно е дека ние размислуваме само на нов триумф пред нашите навивачи“, дополнува Ѓокиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal