
Виктор Ѓокереш е еден од играчите кои се многу интересни за најдобрите тимови и финансиски моќни клубови кои имаат потреба од напаѓач.
Момчето со шведски пасош кој настапува за Спортинг од Лисабон би можел да заврши во Премиер – лигата, а во посредништво се вклучи славниот агент Хорхе Мендеш.
Тој ќе се обиде да го поттурне неговиот трансфер во Арсенал, а според информациите од англиските медиуми, тоа не е многу далеку од реализација.
Ѓокереш има откупна клаузула од 100 милиони евра, но Арсенал сака да го купи за сума која е 10 милиони помалку, а бонуси за освојување на трофеи може да нарасне и до 120 милиони, што е дури и подобра опција за Спортинг.
На Арсенал му е потребенкласичен напаѓач, според многу стручњаци, за конечно да стигне до долго очекуваната титула.
Минатата сезона, Ѓокереш постигна 36 гола на 44 натпревари во дресот на „лавовите“ од Лисабон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти
