Шкендија и натаму е единствениот непоразен тим во Првата фудбалска лига и се наоѓа на врвот на табелата со минимална предност во однос на Македонија ЃП и на Шкупи. Тетовци извлекоа 1-1 на гостувањето против Струга Трим Лум со голот на Бесарт Ибраими во финишот.
Тренерот Ернест Ѓока вели дека не е задоволен со ремито, затоа што Шкендија секогаш цели на победа, но среќен е со реакцијата на тимот по примениот гол од Струга Трим Лум.
„Не можам да кажам дека сум задоволен од ремито во Струга. Ние секогаш одиме на победа и само трите бода се добро завршена работа. Сепак, имаше добри моменти во играта на тимот, посебно по примениот гол. Во второто полувреме одигравме многу подобро и поквалитетно. Имавме шанси и за победа, но не реализиравме, двапати Дашмир Елези и еднаш Арменд Алими. На крајот, иако никогаш не коментирам судење, морам да кажам дека судијата како да беше наклонет кон домашниот тим, не само што не му додели црвен картон на Ристевски, туку и дозволуваше многу прекини, а само во Македонија на еден меч се губат и повеќе од 15 минути за топката да се враќа во игра по прекин“, реагира Ернест Ѓока.
Шкендија в среда игра уште еден важен натпревар, во Тетово ја пречекува Македонија Ѓорче Петров.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дани Карвахал ќе потпише за Хетафе
Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













