
Македонскиот прволигаш Брегалница реализира два трансфери ова лето, успеа да ги продаде во странство Јован Манев и Мартин Стојанов. Првиот ќе ја продолжи кариерата во Адана Демирспор, а вториот ќе игра за Септември Софија.
„Горди и задоволни сме што како клуб овозможуваме вистински фудбалски пат на највисоко ниво за нашите млади докажани фудбалери. Тоа беше една од нашите цели уште од самото преземање на клубот, и затоа за нас е секако нескриено и задоволството што за вака исклучително краток период Брегалница веќе почна да реализира продажба на млади играчи. Клубот на тој начин веќе препознатливо се издвојува и на европската фудбалска карта како средина во која се продуцира вистински фудбалски квалитет“ – вели сопственикот на Брегалница, Кирил Гогов, за официјалниот сајт на клубот, притоа не криејќи го задоволството и од успешно завршените преговори меѓу ФК Брегалница и ФК Адана за трансферот на Јован Манев.
„Среќни сме што Јован Манев израсна како врвен фудбалер во нашата средина, и среќни сме што ете сега можеме да му сервисираме и интернационален пат каков што заслужува и од кој исклучително позитивен ефект ќе има и македонскиот фудбал“ – дополнува Гогов.
Оваа година Брегалница го продаде и 23-годишниот Михаил Маневски на Шкендија

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
