
Фудбалската репрезентација на Германија оствари триумф (2-1) над Романците во Хамбург, а еден од иницијаторите на пресвртот беше Серж Гнабри кој го постигна израмнувачкиот гол. Напаѓачот на Баерн Минхен вели дека „маншафт“ ќе дојде во Скопје за да победи и да ја заврши работата околу пласманот на Светското првенство.
Германија е првопласирана во групата и потребен и е уште еден триумф за да го осигура пласманот на мундијалот во Катар.
„Победата над Романија е голем чекор напред кон СП во Катар. Сега одиме во Македонија да победиме и да ги разрешиме сите дилеми. Што побргу се пласираме на мундијалот, толку подобро“, изјави Серж Гнабри по триумфот над Романците во Хамбург.
Големиот фаворит Германија в понеделник ќе гостува на арената „Тодор Проески“ во Скопје. На првиот меч, Македонија сензационално славеше со 1-2 и тоа е единствениот пораз на „панцирите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
