Најтрофејниот македонски клуб Вардар продолжува со подготовките во Анталија. „Црвено-црните“ остварија триумф на првиот тест против СКА Ростов на Дон (2-0), а до враќањето во Скопје ќе одиграат уште три пријателски натпревари.
„Поминаа 23 дена од стартот на подготовките и работите се одвиваат според зацртаниот план. Одработивме голем број тренинзи на кои се посвети внимание на физичката подготовка, меѓутоа фокус се стави и на тактичкиот елемент за екипата да биде спремна за предизвиците кои ни претстојат оваа пролет. Задоволен сум од прикажаната играта на првиот контролен натпревар и остварената победа од 2-0. Иако резултатот не беше во прв план, како членови на најтрофејниот клуб сите ние сме обврзани да одиме на победа на секој натпревар без оглед дали станува збор за првенствен или за пријателски. Ни остануваат уште 3 натпревари на кои што ќе ја темпираме формата и максимално квалитетно да го одработиме остатокот од престојот во Анталија“, вели тренерот Никола Глигоров.
Вардарци ќе останат во Анталија до 8.февруари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













