Извршниот потпретседател на Манчестер Јунајтед, Џоел Глејзер, испрати отворено писмо до навивачите откако неколку стотици од нив го одложија дербито против Ливерпул минатиот викенд.
Неколку илјади навивачи се собраа пред „Олд Трафорд“ во пресрет на натпреварот, од кои некои упаднаа на стадионот, а полицијата го откажа натпреварот бидејќи не можеше да ја гарантира безбедноста на екипите кои доаѓаат на стадионот.
Навивачите на Јунајтед бараат заминување на семејството Глејзер од клубот и го обвинуваат за погрешна политика и лоши резултати, а сето тоа кулминираше со основањето и распадот на Суперлигата, чиј потпретседател требаше да биде Џоел Глејзер.
Навивачите доставија план од пет точки до клубот и побараа одговор во рок од една недела, кој го добија.
„Ме допревте со делови од вашето писмо во кое објаснувате зошто ве разочаравме со поддршката за Суперлигата. Искрено се извинувам за тоа. Сакам да ви кажам дека сум свесен за вашата желба за промена и отсега ќе ве консултираме за најважните одлуки за Манчестер Јунајтед.
Ние сме отворени за сите конструктивни предлози и сакаме да разговараме со вас за инвестирање во „Олд Трафорд“, тренинг центарот и сè што можеме да подобриме во организацијата на натпреварите. Јас и моето семејство навистина се грижиме за Манчестер Јунајтед и нашата примарна цел е и секогаш ќе биде да се бориме за трофеи. Нема успех без инвестирање, а ние ќе инвестираме уште повеќе ова лето “, напиша меѓу другото Џоел Глејзер.
Навивачите одговорија дека не им се потребни само најави и теорија, туку конкретни активности и бараат право на глас еднакво на тоа на семејството Глејзер и нема да отстапат од тоа.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski