Макфудбал во Гибралтар,
Ремито во Разград е веќе во архива, а по вчерашното долго патешествие, денеска фудбалерите и селекторот Благоја Милевски ќе почнат да размислуваат за утрешниот втор меч од овој циклус во Лигата на наии, против Гибралтар.
Секако, јасно е кој е тука фаворит, иако селекторот Милевски и како да не сака премногу да ја споменуваме нашата репрезентација во таков контекст. Вели, фавотирската улога се заслужува на терен. И во право е, но фаворитската улога се наметнува и од претходните резултати, а Македонија дојде на чекор до пласман на Светско првенство и беше учесник на Европско првенство.
Анализата од мечот со Бугарија вели дека Македонија заслужи повеќе од реми, но во решавачките моменти мора и да се одигра поквалитетно, за да се „грабне“ победата.
Гибралтар е „друга песна“, тука е прашање само кога ќе се отвори ривалот со прв постигнат гол, за да не си навлечеме нервоза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













