Connect with us

Гибралтар не е „опасен“, ама може да биде ако го потцениме

Макфудбал во Гибралтар,


Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) ја продолжува одисејата во Лигата на нации. Второто искушение и не е така „опасно“, но може да биде ако не се сфати сериозно. Гибралтар е веројатно најслабата по квалитет селекција во нашара група, но гостувањето може да стане проблематично ако Барди, Елмас и другарите не постигнат гол(ови) навреме.


Селекторот Благоја Милевски повика на максимална концентрација и секако, респект за противникот.


„Фокусирани сме на мечот. Не смееме да калкулираме, туку да ги избереме најдобрите и да атакуваме на трите бода. Имаме одреден број на фудбалери со проблеми, но без разлика на тоа секогаш ќе излезат тие што се најподготвени во моментов. Пристапот ќе ни биде сериозен и нема место за калкулации и експерименти. Во денешниот фудбал нема место за потценување. Со самиот податок што Гибралтар е во Лига Ц потврдија дека напредуваат. Нема ни 1% место за опуштање. Момците се свесни дека само со максимум може да се дојде до посакуван резултат. Секој натпревар е посебен, мора посебно да се подготвите. Нема два исти натпревари, а со самото тоа нема ни исти подготовки. Ние се однесуваме со почит кон сите во нашата група, фудбалерите се свесни дека треба да го дадат максимумот. Оваа Македонија без разлика против кој ривал игра е обврзана да игра максимално“, вели Милевски.


Фудбалерот на Наполи има искуство против Гибралтар, знае дека тоа е селекција која добро се брани, но очекува наш триумф.


„Доста време помина откако играв во Гибралтар, тешко дојдовме до победата. Домаќинот играше затворено и ни создаде проблеми. На секој натпревар мора да играме максимално, дојдовме да одиграме најдобро што знаеме и да освоиме три бода. Ни недостасуваше реализацијата во Бугарија, промашивме многу шанси. Сега ни следат три натпревари на кои реализацијата треба да биде перфектна. Ќе биде потешко да играме на вештачка трева, но без разлика на тоа ние мора да победиме“, истакна Елмас.


Натпреварот меѓу Гибралтар и Македонија се игра од 18 часот на стадионот „Викторија“ кој има капацитет од 2.500 места.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови