Германија има фантастичен старт на Европското првенство. Селекцијата домаќин на ЕВРО 2024 обезбеди предност од 3-0 против Шкотска по првото полувреме од воведниот натпревар на „Алијанц арена“ во Минхен.
Флоријан Вирц беше стрелец на првиот гол на шампионатот во десеттата минута, а девет минути подоцна Џамал Мусијала зголеми на 2-0.
Третиот гол го постигна третиот човек од офанзивното трио на Нагелсман, Каи Хаверц. По сугестија на ВАР собата, Клемен Турпан досуди пенал за Германија по стартот над Илкај Гундиган, а напаѓачот на Арсенал го претвори во погодок. Истовремено Шкотска остана и со фудбалер помалку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













