Германската репрезентација доживеа нов срамен пораз откако синоќа во Волфсбург на пријателски натпревар загуби од Јапонија со 1-4. Тоа требаше да биде натпревар каде Германија конечно ќе го фати моментумот за Европското првенство следната година, но се претвори во хорор за играчите на Ханси Флик кои ја фрлија во очај една од најголемите фудбалски нации.
Јапонците пристигнаа во Волфсбург девет месеци откако ја шокираа Германија во првото коло на Светското првенство во Катар кога ја победија со 2-1. Германија беше елиминирана во групата на СП, а ова беше барем мала можност да возвратат против Јапонците.
Лошо започна мечот за домаќините бидејќи Јапонците поведоа во 11. минута со голот на Ито, но Германија возврати осум минути подоцна преку Лирој Сане.
Сепак, веќе во 22. минута Уеда среќно погоди за 2-1, по што Јапонците имаа уште два многу опасни контранапади од кои не постигнаа гол. Свои шанси имаа и Германците, но се чини дека им недостига вистински напаѓач кој ќе постигне нешто.
До крајот, Јапонците постигнаа уште два гола и направија фудбалски „земјотрес“ во земјата домаќин на ЕВРО 2024.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













