Македонската фудбалска репрезентација ќе и гостува на Германија во Дуисбург, како што беше првично планирано, во квалификациите за СП 2022. Селекцијата на Игор Ангеловски третиот меч од новиот квалификациски циклус ќе го одигра на 31. март против „панцирите“ во Дуисбург.
Поради посебните мерки на германската влада за заштита од коронавирусот, постоеше можност за одигрување на натпреварот во Букурешт, но, сепак, на крајот ФИФА и Германската фудбалска федерација донесоа одлука дека натпреварот ќе се игра на „МСВ арената“ во Дуисбург.
Македонија новите квалификации за СП во Катар 2022 ги почнува на гости против Романија на 25. март, три дена подоцна го пречекува Лихтенштајн во Скопје, а потоа ќе гостува во Дуисбург против Германија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













