Connect with us

Германците ја „свртеа“ Романија, реми на Исланд, Македонија е на второто место (ВИДЕО)

Германија покажа дека е моќна и покрај тоа што имаше негатива од 0-1 на полувремето против Романија во Хамбург. Јанис Хаџи во деветтата минута ги изненади „панцирите“, но Серж Гнабри и Томас Милер во вториот дел сепак донесоа триумф за селекцијата на Ханси Флик која за три дена гостува во Скопје.

Исланд и Ерменија ремизираа 1-1 и тоа е резултат што најмногу и одговораше на Македонија, која сега се наоѓа на второто место во групата со 12 бода.

Хрватска оствари сигурен триумф (0-3) на гости против Кипар, со головите на Перишиќ, Гвардиол и Ливаја, а Холандија минимално славеше против Летонија (0-1), со погодокот на Деви Класен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови