Connect with us

Германците имале драматичен лет од Рејкјавик и принудно слетување во Единбург

Фудбалската репрезентација на Германија оствари победа на Исланд, но потоа имаше драматичен лет од Рејкјавик и мораше принудно да слета во Единбург. Пилотите на авионот со германската експедиција прогласиле вонредна состојба додека авионот летал над Шкотска.


Тие морале да слетаат во Единбург. Авионот Боинг 737 леташе на релација Рејкјавик – Франкфурт, но морал да слета да му бидат извршени детални проверки.

„Германска репрезентација, принудно слетување во Единбург! Германскиот авион, враќајќи се од Рејкјавик, имаше технички проблеми на височина од 8400 метри. Пилотот испрати порака со сигнал за општа вонредна состојба, на 8.400 метри надморска височина, а потоа авионот безбедно слета, по 20 минути, околу 04.00 часот наутро по локално време“, се вели во извештајот за летот на фудбалската репрезентација на Германија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови