Connect with us

Германија бара УЕФА да ги отстрани и Белорусите од квалификациите за ЕП 2024

Германија, земјата домаќин на завршната фаза на Европското фудбалско првенство во 2024 година, побара од УЕФА да ја исклучи Белорусија од квалификациите за тоа натпреварување, поради нејзината поддршка за Русија.


Во писмото до претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, германската министерка за внатрешни работи Нанси Фесер исто така бара суспензија на руските и белоруските функционери од фудбалското тело, пишува „Шпигел“.

За германскиот министер „не само Русија, која води војна со кршење на меѓународното право, туку и Белорусија, како голем поддржувач на руското раководство, треба да биде исклучена од сите меѓународни фудбалски турнири“.

Светот на спортот мора „да избере да заземе обединет став против оваа форма на непочитување на човековите права“, додаде таа во писмото, цитирано од „Шпигел“.

Ждрепката за квалификациите за ЕП 2024 година е закажана за 9 октомври и ќе се одржи во Франкфурт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови