
Велшкиот фудбалер Герет Бејл моментално е во својата татковина, каде тренира со Кардиф Сити додека не најде нов клуб.
А токму Кардиф би можел да биде следниот тим за некогаш одличниот крилен напаѓач. Герет Бејл по заминувањето од Реал Мадрид ја однесе својата репрезентација на Мундијалот во Катар и сега сака да ја одржува формата до зима за да може да игра што подобро на најголемото фудбалско натпреварување во светот.
После тоа Герет Бејл би можел да се пензионира, што го најави во последниот разговор со медиумите. Се споменуваше дека може да остане во Шпанија, се зборуваше дури и за Хетафе, но Бејл ја отфрли таа можност.
Тој веќе одреден период тренира со тимот на Кардиф, а кога веќе се сретнаа, разговараа за можна соработка и последниот состанок е позитивен за двете страни.
Бејл ќе биде дома, блиску до семејството и во силна конкуренција во Чемпионшип, каде ќе може да ја усоврши формата за Светското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal