Connect with us

Герет Бејл повторно се враќа во Тотенхем?

Герет Бејл би можел повторно да се врати во Тотенхем и тоа оваа зима. Велшанецот одамна е „прецртан“ во Мадрид, Реал Мадрид не успеа да го продаде пред две години, а Бејл ги одби сите понуди бидејќи има огромна плата.


Сепак, договорот му истекува во јуни, Реал нема да заработи ништо, но ќе го симнат од платниот список. Затоа и на „кралевите“ им се исплати да замине во јануари.

Англиските медиуми пишуваат дека раководството на Тотенхем е подготвено да го доведе, но дури кога ќе му истече договорот, на лето, но зелено светло мора да даде и Антонио Конте.

Италијанецот сака да го засили тимот во сите линии на тимот, Бејл минатата сезона ја мина на позајмица во Тотенхем, но не помина најдобро.

Велшанецот е далеку од старата форма, се чини дека фудбалот е во втор план, има проблеми со повреди, но ќе биде слободен агент.

Некои сметаат дека е неуспех и без обештетување, додека некои сметаат дека е добра можност и секако одличен играч за ротација доколку не се наметне.

Покрај Бејл, Реал Мадрид без отштета ќе им дозволи да си заминат Марсело и Иско.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови