Сопствениците на Рома, Дан и Рајан Фридкин, прават сè за да го убедат Карло Анчелоти да ја преземе функцијата тренер на клубот по завршувањето на сезоната, открива „АС“. Тие веруваат дека можат да привлечат уште едно големо тренерско име, слично како што го сторија тоа со Жозе Мурињо во 2021 година.
Шпанските медиуми се речиси едногласни дека Анчелоти ќе се раздели со Реал Мадрид на крајот од сезоната. Фридкинови имаат амбициозна цел – да ја вратат Рома во европската фудбалска елита, а искусниот италијански стратег го гледаат како идеален човек за таа мисија.
Анчелоти има силна врска со Рома, каде што како фудбалер настапуваше од 1979 до 1987 година. Тој никогаш не ја криел својата приврзаност кон клубот и градот, но досега не го водел тимот како тренер.
Иако негов приоритет е да го исполни договорот со Реал Мадрид, доколку двете страни се разделат ова лето, планот на американските газди на „волчицата“ би можел да стане реалност.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













