Фудбалерите на Џирона ја совладаа екипата на Атлетик Билбао со 2-1 во натпреварот од деветтото коло на шпанската Ла Лига, кој долго ќе се прераскажува.
Натпреварот на стадионот „Монтивили“ ќе се памети по историското достигнување на голманот на Џирона, Паул Газанига, кој одбрани дури три пенали, од кои два на регуларен начин.
Tottenham'ın eski kalecisi Paulo Gazzaniga, Girona – Athletic Bilbao maçında üç penaltı vuruşunu kurtarmayı başardı:
— EPL Günlükleri (@EPL_Gunlukleri) October 6, 2024
❌ Alex Berenguer
❌ Ander Herrera
❌ Inaki Williams
👑🧤👀pic.twitter.com/GOue8lQgMD
Шоуто на Газанига започна во 28. минута, кога Аргентинецот со леснотија го одбрани ударот од белата точка на Алекс Беренгер.
Десет минути подоцна, наградата за неговата интервенција пристигна, бидејќи колумбискиот играч од средниот ред, Јасер Асприља, го доведе домаќинот во водство. Само две минути подоцна, гостите од Баскија израмнија со голот на Оихан Сансет.
Во второто полувреме, Атлетик имаше две одлични шанси да ги освои трите бода.
Во 56. минута, напаѓачот на Баскијците, Ињаки Вилијамс, беше соборен во шеснаесетникот на Џирона, и гостите добија уште еден пенал. Токму Вилијамс ја зеде топката, но Газанига ја прочита неговата намера и го одбрани пеналот.
Сепак, по прегледувањето на ситуацијата со ВАР, беше утврдено дека тој со двете нозе беше надвор од гол-линијата при шутот, па пеналот беше повторен. Одговорноста ја презеде Андер Ерера, но Газанига рутински го одбрани и неговиот обид.
Длабоко во судиското продолжение, Џирона доби шанса да постигне гол од пенал. Се играше 99. минута, кога искусниот напаѓач на Каталонците, Кристијан Стуани, ја зеде топката и им покажа на Баскијците како се изведува удар од најстрога казна.
Така му донесе голема победа на својот тим. Претходно, пеналот го направи Паредес, а поради протест доби втор жолт картон и беше исклучен до крајот на натпреварот.
Бојан Миовски остана на клупата за резерви.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski