Фудбалската репрезентација на Шпанија вечерва ја совлада Костарика со 7-0 во својот прв натпревар на Светското првенство во Катар. Дури шестмина шпански играчи се запишаа меѓу стрелците, а еден од нив беше Гави, кој вечерва испиша историја за својата репрезентација.
Фудбалерот на Барселона го постигна петтиот гол на „црвената фурија“ и со тоа стана најмладиот стрелец за Шпанија во историјата на светските првенства.
Фудбалерот на Барселона со 18 години и 110 дена стана најмладиот стрелец на Светското првенство воопшто по славниот Пеле и неговиот гол против Шведска во финалето во 1958 година.
Бразилскиот фудбалер тогаш имаше 17 години и 249 дена.
Покрај Пеле, пред Гави е само поранешниот мексикански фудбалер Мануел Росас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













