Connect with us

Гави успешно опериран, ќе паузира најмалку осум месеци

Играчот од средниот ред на Барселона, Гави, успешно е опериран откако ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено. Саниран е и менискусот, кој исто така беше оштетен по тешката повреда со која талентот се здоби на квалификацискиот натпревар меѓу Шпанија и Грузија.


Клубот соопшти дека хируршката интервенција што ја извршил доктор Жоан Карлес Монлау во болницата во Барселона била успешна и играчот ќе започне со закрепнување под надзор на лекарските служби на клубот.

Надежите на сите во Барселона се дека Гави ќе биде подготвен за стартот на следната сезона. Тој сигурно нема да игра повторно оваа сезона, а ќе го пропушти и Европското првенство следната година во Германија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови