Барселона договори речиси се со големиот талент Гави и се очекува во наредните денови младиот играч за врска да стави потпис на продолжување на договорот кој истекува следното лето. Агентот на играчот, инаку култниот играч на Барселона, Иван де ла Пења, изрази задоволство од напредокот на преговорите.
Гави ќе добие зголемување на платата која според неофицијални извори сега изнесува околу 6 милиони евра годишно. Новиот договор би можел да биде двојно поголем, пренесуваат шпанските медиуми.
Многу важна за Барселона е отштетната клаузула. Ќе биде астрономска како и на некои други фудбалери кои ги продолжија договорите на „Камп Ноу“ и ќе изнесува една милијарда евра. Досегашната отштетна клаузула во договорот на Гави изнесуваше 50 милиони евра.
17-годишното чудо од дете оваа сезона одигра 42 натпревари во сите натпреварувања. Тој постигна два гола во првенството и има шест асистенции.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski