
Џенаро Гатузо преживува голема голема драма. 46-годишниот тренер моментно е на кормилото на Олимпик Марсеј и се обидува да го одведе во европските натпреварувања, но вистинските проблеми за него настанаа во татковината Италија.
Таму неговото семејство пријавило во полиција дека Ндрангета, озлогласената калабриска мафија, им се заканува со смрт и дека Гатузо сака да го исели семејството од Италија.
Сè започнало кога таткото на Гатузо и уште еден член на семејството планирале да постават фотоволтаици на семејниот имот, а за тој проект добиле околу 80.000 долари. За ова дознала мафијата и се обидела да им наметне рекет и лихварство и барала да им платат три илјади евра за заштита.
Во меѓувреме направиле неколку потези за да го заплашат познатиот поранешен фудбалер, па двапати го запалиле автомобилот на неговата ќерка и ја демолирале куќата на неговата сестра.
Гатузо попуштил и им ја платил бараната сума пред еден месец, но сега стравува за животот на своето семејство и се надева на полицијата која според последните извештаи уапсила двајца осомничени.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
